Ленче Андоновска – библиотекар советник, вработена во Националната установа „Св. Климент Охридски“ – Битола

за проф. д-р Весна Милевска

Во долгогодишното работно искуство во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, сум имала соработка со многу професионалци во поглед на реализацијата на проекти од различни области.

Посебно сакам да го истакнам професионалното ангажирање на проф. д-р Весна Милевска  во реализацијата на проекти од издавачка дејност одобрени од Министерството за култура, за преведување од македонски на англиски јазик на монографски публикации, на апстракти, резимеа и сл., која ги реализираше успешно, професионално и ни излегуваше во пресрет во секое време.