Компанијата „ФИЛИП М“ ДООЕЛ Битола постои од 2003 година во Битола, Република Македонија и е најстарата и една од водечките компании во градот, регионот и државата во своето поле на работа.
„ФИЛИП М“ ДООЕЛ набргу по своето фомирање стана позната и искусна компанија и треба да се нагласи дека прави синтеза помеѓу образованието, обуката и и услугите за толкување. Се прават преводи од сите области а зад себе има над 12 книги преведни и објавени на англиски, српски, француски и други јазици. Вршиме симултани и консекутивни преводи со национални и меѓународни делегации и случувања.
Во рамките на компанијата функционира и Центарот за странски јазици и неформално образование за возрасни „МИЛЕВСКИ“ како независна единица која ги следи потребите на пазарот на трудот преку различните видови на јазични курсеви од економскиот, социјалниот и културниот живот во Битола и нејзиниот регион.