
Во рамките на компанијата работи и Центарот за странски јазици и неформално образование за возрасни „МИЛЕВСКИ“ како независна единица која ги следи потребите на пазарот на трудот преку различните видови на јазични курсеви од економскиот, социјалниот и културниот живот во Битола и нејзиниот регион. Курсевите се изведуваат во мали групи од 6-8 учесници.
Курсеви по англиски, германски, француски, албански јазик за ученици од 6-18 години
Подготовка на ученици според училишните програми
Забрзани курсеви по англиски јазик
Курсеви по англиски јазик за возрасни
Курсеви за подготовка за полагање на меѓународни сертификати за јазик.
Видео курсеви по англиски јазик






